Капка®
работилница

Капка® е инстант лепило со кое можете да направите мали поправки во вашиот дом.

Како да залепите, креирате и обновите макета од дрво и метал со КАПКА®

Користењето на Капка® за да направите мали поправки во вашиот дом е многу лесно.

Во следните четири чекори ќе ви покажеме како се употребува, за да поправите мали предмети каде е потребна поголема прецизност, уредност или полнење. Запомнете дека КАПКА® не капе и дозволува корекции.

Чекор 1

За да залепите правилно дрвени и метални предмети, најпрво исчистете ги површините што треда да се залепат со крпа за да нема траги од прав и нечистотија.

Чекор 2

На исчистена површина, нанесете една капка од КАПКА® на една од двете страни што треба да се залепат.

Чекор 3

Составете ги деловите идеално и држете ги 60 секунди.

Чекор 4

Тоа е сè, поправката е завршена. Ако не направите точно, не грижете се, со КАПКА® можете да корегирате повеќе пати.

Запомнете дека, благодарение на својата ексклузивна амбалажа, Капка® овозможува дозирање капка по капка, Тубата може да стои вертикално за да спречи капење и затнување на отворот за апликација.


Уште неколку поправки

Дали сакате да споделите некоја
поправка што сте ја направиле со Капка®?
Испратете ни видео или фотографии од вашата поправка, раскажете ни како сте го направиле и ние ќе ги објавиме.
Како да го направите ова?
Многу е лесно: снимајте се како ја извршувате вашата поправка и испратете ни видео или фотографии од она што сте го поправиле, раскажете ни како сте го направиле и ние ќе го објавиме. Испратете ги по e-mail со наслов: „Јас користам Капка®, внесете ги вашите лични податоци за да можеме да ве контактираме, и ако нашите експерти го одобрат, ние ќе ги објавиме со вашето име на нашата веб-страница и на социјалните мрежи.
Email: kapka@kapka.com.mk
Што друго можете да го поправите со Капка®?
+ Поправка на украси.
+ Лепење скршени делови од дрвен мебел
(исечени рабови, излупени ламинати, итн.).
+ Спојување на рамки за слики.
+ Поправка на ситни делови од гитара, виолина, инструменти воопшто.
+ Лепење на гумени црева.
+ Поправање на риболовни јазли.
+ Лепење на делови на часовници.